Во полицијата велат дека не е необично што го фатиле мажот од Лонг Исланд (САД) со фалсификувана банкнота од 50 долари, бидејќи со неа тој ја платил казната. Полицијата го заприметила 31 годишниот Cyheama Forney како неправилно свртува па го сопреле.


Тогаш откриле дека нема возачка дозвола. Го привеле и му одредиле казна, која тој ја платил со фалсификована банкнота. Во затвор е задржан поради поседување на фалсификати.