Инцидентите на теренот и трибините како и прекинот го засени фудбалот на мечот во квалификациите за ЕП во Франција меѓу Србија и Албанија.
– Фудбалот треба да ги зближува луѓето и политиката не треба да се меша во спортот. Инцидентите во Белград се непростливи. Сериозно ќе ги пристапиме на овој проблем, кој мора да се искорени од фудбалот – рече првиот човек на УЕФА, Мишел Платини.
Свој коментар за случувањата во Белград имаше и претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, кој рече – Фудбалот никогаш не треба да биде искористен за политички пораки. Остро го осудувам инцидентот во Белград.
Мх.П.