Најдобриот фудбалер на светот за оваа 2014 година мора да биде Германец, изјави претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), коментирајќи го изборот за најдобар фудбалер на светот Златната топка, што го организира светската асоцијација ФИФА. 

„Секако дека има многу фудбалери кои ја заслужуваат почеста најдобар, но мислам дека во годината на Светското првенство, титулата ја заслужува некој од екипата на светскиот шампион, значи Германец“, изјави поранешниот француски репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери во историјата Мишел Платини, во интервјуто за шпанската новинска агенција EFE, пренесува „Макфакс“.

 Истите идеи челникот на УЕФА ги имаше и пред четири години, кога на мундијалот во Јужноафриканската Република триумфираше Шпанија. Меѓутоа, и тогаш, како што најверојатно ќе се случи и при годинешниот избор, Златната топка не ја доби Шпанец, туку Аргентинецот Лионел Меси.

Ohridnews