По пауза од две лета, плажата „Кадмо“ покрај рекреативната патека за Горица, повторно е отворена за посетители.

Просторот е уреден и подготвен да ги прими посетителите кои спас од летните горештини деновиве бараат на Охридското Езеро.

На плажата „Кадмо“ посетителите ќе може да уживаат во омилениот пијалак со еден од најубавите погледи на Охрид.

Метеоролозите за деновите од викендот најавуваат високи температури во Охрид, до 35 степени во петок, и некој степен повисоки во сабота и недела, причина повеќе да се посети плажа.

OhridNews