Единствената градска плажа во стариот дел од градот која не е дадена под концесија, на Сараиште, наместо со капачи преполна е со кајчиња. Оние кои ја посетуваат, реагираат дека поради пловните објекти поставени насекаде воопшто не може да се користи просторот за одмор и сончање, а токму тоа и беше целта кога плажата се уредуваше по барање на жителите пред неколку години.

Минатите сезони кон крајот на јуни од страна на локалната самоуправа се бараше од сопствениците на пловните објекти да ги отстранат, за плажата да може непречено да се користи од жителите и бројните гости. Засега вакво барање не е испратено.

Плажата „Сараиште“ беше средена 2015 година по налог на локалната самоуправа,  а на барање на жителите од стариот град. Делот од плажата наменет за сончање  доби нов песок, а беа поставени  и канти за отпадоци и  клупи за седење.

OhridNews