Ракометарите на Охрид многу потешко од очекувањата ја совладаа екипата на Струга на гости во 9 коло од ракометниот плеј-оф 21:24, полувреме 14:11.

Стружани скапо ја продадоа кожата во Езерското дерби и машки го намачија фаворитот Охрид. Домаќинот одигра одлично прво полувреме, особено во финишот во кој на моменти имаа и + 4.

По паузата Охрид тргна во лов на Струга. „Гладијаторите“ не блескаа но беа упорни и и’ покрај грешките во играта го топеа водството на домаќинот. Искуството и подолгата клупа беа клучни во моментите кога се решаваше победникот. Охрид го презеде водството и не го испушти до крајот.

Најефикасен на натпреварот на кој посебен шмек традиционално му дадоа навивачите на двата тима, кај Охрид беше Никола Јукиќ со 6 гола, кај Струга Бошњак постигна 9.

Статистика ГРК Охрид: Ѓорѓески, Ристевски 1, Ојлески 2, Андоновски, Мацуока 3, Стоилевски 1, Дрогришки, Пелидија, Тасески 1, Шафранко, Крстевски 1, Шешиќ, Орјоникидзе 3, Бојаниќ 3, Цирар 3.

Пред почетокот на натпреварот му беше оддадена почит на на некогашниот кружен напаѓач на стружани, Дејан Џутески, кој почина на 44-годишна возраст по кратко боледување.

Со оваа победа Охрид остана на 3 позиција на табелета пред мечот со актуелниот првак Е. Пелистер во следното коло кој е од исклучително значење за двете екипи.

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски