Ракометниот клуб Охрид, мечевите во плејофот од Супер лигата ќе ги продолжи во Скопје, каде силите ќе ги одмери со составот на Вардар.

„Црвено црните“ се огромни фаворити во пресрет на дуелот со охриѓани. Ракометарите на Вардар имаат осум победи во осум мечеви, а во деветтата рунда се очекува нов триумф на двократниот европски првак.

Интересен податок во деветтата рунда е тоа што сите мечеви се играат во Скопје. Металург во „Автокоманда“ е домаќин на Струга, Пролет ќе го пречека Еурофарм Пелистер 2, а во дербито на колото Бутел Скопје ќе се судри со Еурофарм Пелистер.

  • Двојки:

Металург – Струга (сабота 16 часот)

Пролет – Еурофарм Пелистер 2 (сабота 13 часот)

Вардар – Охрид (сабота 13 часот)

Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер (сабота 19 часот)

Табела: Вардар 24, Еурофарм Пелистер 21, Пролет 12, Бутел Скопје 11, Охрид 9, Металург 8, Струга 3, Еурофар Пелистер 2

OhridNews