Дизајнерот Џон Галијано ја прикажа новата максималистичка и еклектична визија за Maison Margiela, куќата за која дизајнира од 2014 година, а во естетиката што тој ја нарекува Raw-core му помогна  македонскиот креатор, охриѓанецот Ристо Бимбилоски кој работи како дизајнер на плетиво на женската колекција во Maison Margiela.

Ревијата на куќата се одржа во Grand Palais во Париз и почна со мантил во боја на карамела и огромни плетени ракави кои потсетуваат на муф, а потоа следеа слоевити комбинации во која голема улога има токму плетивото. Колекцијата за есен-зима 2016/17 содржи и војнички капути, фустани од лурекс, модели дефинирани со големи ремени во верзија која Галијано ја објаснува како нетрадиционален пристап во модата.

Некои од креациите се пола џемпер-пола фустан, дури има и два џемпери споени во еден изглед. Галијано користи и леопардов и принт што потсетува на слики, а стајлингот е финиширан со ракавици, алки од плексиглас и гломазни обувки со платформа.

OhridNews
извор Стилист