Прво па машко. Во новата година првото новороденче во Охрид е здраво машко дете. Бебенцето на свет дојде рано утрово во 4 часот и 30 минути и е второ дете во семејството Илоски. Тешко е 3,6 килограми, а долго 56 сантиметри.

Ако машкото дете симболизира цврстина и бериќет, се очекува годинава што е пред нас да биде поздрава и побериќетна од минатата. – истакна градоначалникот на Охрид Константин Георгиески по посетата на новороденчето и неговата мајка во гинеколошкото одделение при Општата болница во Охрид.

Првото бебе во Охрид на подарок доби плишано мече, а традиционално општината Охрид издвојува парични средства за најмладиот нов жител на градот.

OhridNews