На 15 и 16 септември во Охрид ќе се одржи Триатлон од меѓународни размери на кој учество ќе земат 300 натпреварувачи во шест категории од повеќе земји од регионов. Триатлонот кој е Олимписки спорт се состои од пливање, возење велосипед и трчање заедно и бара терен каков што може само Охрид да понуди.

Организиратори на Триатлонот во Охрид се Триатлон федерацијата на Македонија и Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ со поддршката од градоначалникот Јован Стојаноски кој се запозна со новата спортска понуда која ќе збогати Охрид.

– Подготвуваме настан кој понатака низ годините ќе прерасне во европски Куп. Ќе тежнемее спортскиот настан да расте од година во година и да биде традиционален во Охрид. – изјави претседателот на Триатлон федерација на Македонија, Иван Михајлоски.

Во периодот кој следува организаторите ќе ги финализираат првичните подготовките и ќе ја информираат јавноста за сите детаљи околу првото издание на Триатлнот во Охрид.

OhridNews