Карате клуб „Чоле“ од Охрид имаше плоден настап на турнирот во Тетово освојувајќи дузина одличја во сите конкуренции и категории во кои се натпреваруваше.

Од охридскиот клуб на Меѓународниот турнир во Тетово на кој настапија каратисти од регионов најдобар успех имаше Мартина Петреска. Таа се закити со два златни и еден сребрен медал. Петреска победи во ката родени 2007 и во помлади кадети а второпласирана заврши во борби до 35 килограми.

Тамара Чолеска финишираше втора во борби до 35 килограми а Јоана Костоска се искачи на третото место од подиумот во борби 2008 година до 32 килограми и во кати 2008 години. Мартина Костоска во ката 2009 година заврши третопласирана а Никола Ристески исто така освои бронзен медал во ката но во 2010 година. Ката екипно генерацијата 2009 заврши на третата позиција.

OhridNews