Градскиот парк на плоштадот во Охрид, деновиве расцвета во разни бои. Службите на ЈП „Охридски Комуналец“, како дел од редовните активности за уредување на зелените површини во централното градско подрачје, оформија многу цветни катчиња и засадија разнобојни пролетни цвеќиња. Како дополнување на целокупнoто шаренило се и јапонски цреши, кои се полни со цветови.

Шарениот парк, покрај тоа што е една убава слика за туристите, кои секојдневно го посетуваат Охрид, претставува и место каде што истите можат да направат интересни фотографии за спомен.

OhridNews