Староградска пловидба со Ансамбл „Билјана“ утре во рамките на програмата од 4-тото алтернативно културно-забавно лето „Културолошка иницијатива 5 до 12“. Според искуството од претходните години од КИ „5 до 12“ велат станува збор за настан кој секоја година буди голем интерес.

Може да присуствува секој со пловен објект, исклучиво со веслање. Но, исто и од копно директно на Старото пристаниште. Збирно место е Канео од 17:30 часот. Во 18 часот е предвидено тргнување со кајчиња до Старо пристаниште (Островче), информираат од „Културолошка иницијатива 5 до 12“.

Ансамбл „Билјана“ на охриѓани и посетителите ќе им приреди уште една незаборавна пловидба на Охридското Езеро со звуците на убавата староградска музика. Настанот е насловен како „Ој љубов, љубов“.

Ова е вториот настан од програмата, откако претходно беше одржана велосипедска еко-забава.

OhridNews