Актуелниот првак Шкендија и вицешампионот Шкупи попладнево без голови на градскиот стадион во Тетово го заокружија 6. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Со ремито во Тетово екипата на Шкупи му го препушти лидерското место на табелата на Академија Пандев и со 11 бодови е третопласиран, додека Шкендија е седмопласирана со седум бодови.

Следното 7 коло во ПМФЛ е на програмата на 19 септември.

 

OhridNews