Лидерот Струга ја прекина серијата од пет натпревари без победа со триумф над Шкендија во рамки на 15 коло во Првата македонската фудбалска лига (ПМФЛ), во кое на сите четири натпревари попладнево победија домаќините.

ПМФЛ – 15 коло: резултати Струга – Шкендија 1:0 Академија Пандев – Силекс 3:0 Шкупи – Скопје 3:1 Тиквеш – Работнички 3:0 Прволигашкото 15 коло ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Македонија ЃП и Брегалница.

Слободна во ова коло е Победа. Табела: Струга 30, Шкупи 25, Шкендија 24, Силекс 23, Тиквеш 22, Брегалница 19, Македонија ЃП 16, Работнички 15, Академија Пандев 10, Победа 11, Скопје 6.

OhridNews