Во рамки на 26 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Воска денеска на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, го пречекува Работнички.

Натпреварот се игра од 15 часот.

Во истиот термин играат:

Брегалница – Шкупи

Македонија Ѓорче Петров – Шкендија

Вардар – Струга

Тиквеш – АП Брера

Вчера во воведниот меч од колото, во Кратово екипите на Силекс и Гостивар одиграа без голови.

Г.М.