Градоначалникот на Општина Дебарца, Игор Трајкоски и министерот за образование, Спиро Ристовски денес во селото Волино ги пуштија во употреба новото основно училиште и игралиште кои беа изградени во текот на летниот период.

Новиот објект, кој е изграден според сите стандарди, има две училници.

 

Новиот објект е изграден по сите стандарди, почнувајќи од енергетската ефикасност па се до најмодерни материјали кои се користени во градбата. Објектот има две училници, а инсталирано е и парно греење, информираат од општина Дебрца. 

Како што изјави министерот Ристовски, станува збор за инвестиција од околу 3.500.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Република Македонија. Додека пак, локалната самоуправа на општина Дебрца помогнала во однос на снабдувањето со електрична енергија и вода и партерното уредување на објектот.

 

Градоначалникот Игор Трајкоски изрази благодарност до Владата за изградбата на училиштето, напоменувајќи дека тоа е првото изградено училиште во општината по  повеќе од дваесет и пет години.

OhridNews