По 3.000 евра за секој нововработен во малите претпријатија
18.07.12 00:03
Во фаза на операционализација е новата владина мерка за помош на малите и микро претпријатија, на кои, преку Агенцијата за вработување ќе им се даваат кредити со симболична камата за секој нов вработен, пренесува „Макфакс“.
„Агенцијата за вработување ќе даде во вид на кредит со симболична камата за малите претпријатија за секое нововработено лице по 3.000 евра таков кредит, па така ако вработи 10 лица ќе добие 30.000 евра, што за мали претпријатија е сериозна сума. Тоа не е сериозна сума за големи фирми, но во секоја држава има крупни големи имаме и средни имаме и мали“, рече премиерот НИкола Груевски.
Според него, задача на владата е да ги помага сите и да смислува програми за подршка за сите компании, и за големите и за средните и за малите.
„Овој вид помош ќе помогне најмногу на малите, а мали се најмногу на број. Тоа се фирми кои најчесто обезбедуваат самовработување, вработување на семејство или некои други од блиското опкружување“, рече Груевски.
Според него, најпозната европска земја со во која опстануваат вакви мали и микро претпријатија, е Италија.
„Во различни системи различно просперираат овие мали и микро претпријатија. Во Македонија сакаме да помогнеме, затоа што секое вработување е значајно. Некој ќе рече што се тоа пет вработувања, но нека проба, секој месец да дава плата на пет луѓе па ќе види што значи ова вработување. Така што наша заложба е со 100-те милиона евра од кредитот од Европската инвестициона банка со 5,5 отсто субвенционирана камата, за средните и големи претпријатија, ова е за малите и микро претпријатија, имаме 11 милиони за земјоделските претпријатија“, додаде Груевски.
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот Претставата е по...
Утре прекин во водоснабдувањето кај корисниците од населбата Црногорци, сЛескоец и сЛакочереј, најавуваат од ЈП Водовод Охрид Поради изведување на градежни работи за поврзување на новиот цевковод с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.