Филмскиот фонд на Македонија го објави списокот на филмски проекти од јавен интерес кои ќе бидат финансира во 2010 година.

Максимален буџет од по 500 000 евра ќе добијат играните филмови „Како бебе“ во режија на Милчо Манчевски, „Пазар“ на Теона Стругар Митевска, а потпомогнат ќе биде и филмот „Духот на бабата Илонка“ во режија на Томислав Жаја

Во програмата за поддршка влегуваат и  кратките филмови се поддржани „Вишновата градина“ во режија на Гоце Димовски, „Љубовта на Билбордот“ на Игор Соколовски, „Брачен Помошник“ во режија на Андреј Цветановски, „Епизодист“ на Игор Алексов, „Балон“ на Марија Апчевска, „Госпоѓа Ерме“ на Костадин Анастасов, „Образ“ во режија на Стефан Сидовски, „Кафеана“ на Куштрим Бектеши, „Синот на сатаната“ на Марко Ѓоковиќ и „Митот на Сара“ на Гордана Крстева.

Филмскиот фонд ќе ги поддржи и документарните филмови: „Си барам невеста“ во режија на Марија Џиџева, „Луѓе без земја“ на Борјан Зафировски, „Херојот од урнатините“ на Мерита Цоцори, „Изгубени траги“ на Сефедин Нуредини, „Горчина“ на Флорент Мехмети и „Мојот Американски Аџилак“ во режија на Павлина Проевска.

Ohridnews