По анголците и во Нов Зеланд задоволни што ја добиле Македонија
04.02.12 09:51
По извршената ждрепка во Каракас за квалификацискиот турнир за Олимписките Игри, покрај анголците, задоволни се и во селекцијата на Нов Зеланд. Пред се тие се задоволни што ги избегнале Русија, Литванија и Грција од првиот шешир и Порторико од вториот, и добиле според нив изедначена група.
– „На прв поглед дефинитивно можам да кажам дека имаме одлична група на турнирот во Венецуела. Мал проблем е што знаеме малку за европските екипи, освен дека Македонија беше најпријатното изненадување на ланското ЕП во Литванија. Можеби и го извлековме најсилниот противник од другиот дел на светот бидејќи Ангола е искусна и крајно незгодна. Но тоа се селекции што може да се победат, нормално, ако одиграме најдобро што знаеме“, изјави Ненад Вучиниќ, српскиот стратег на клупата на Нов Зеланд, за интернет-страницата на ФИБА.
Оптимизмот “Tall Blakcs” го темелат на континиураното учество на големите натпреварувања и тоа што во последните три години успеале да триумфираат над неколку европски селекции во пријателски средби и тоа Русија, Словенија Франција, Хрватска.
Македонија и Нов Зеланд еднаш ги одмериле силите и тогаш “црвено-жолтите“ минимално победија.
Распоред на натпреварите во Д групата:
2 јули Македонија – Ангола 3 јули Македонија – Нов Зеланд
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...