Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска во Њујорк на средба со претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, Вук Јеремиќ. На средбата е предвидено да присуствуваат и пратениците Владимир Ѓорчев и Александар Спасеновски.

Вељаноски синоќа во Њујорк се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.


Како што изјави Вељаноски по средбата, главни теми на разговор биле процесот на разговори со Грција за надминување на спорот за името на Република Македонија, кој се води рамките на Обединетите нации, како и соработката меѓу Македонија и Обединетите нации во повеќе полиња.

– Средбата и содржината на разговорот што го имав со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун е своевидно продолжение на средбата која ја имавме, заедно со амбасадорот Метју Нимиц во јули минатата година. Во оваа прилика ја искористив можноста да му изразам благодарност на Бан Ки-мун за неговиот активен и клучен придонес за придвижувањето на разговорите за решавање на спорот кој го имаме со нашиот јужен сосед Република Грција, и за значењето за што поскорешно решавањето на ова прашање за наше интегрирање во Европската Унија и во НАТО структурите, изјави Вељаноски.

На средбата, било разговарано и за парламентарната соработка во регионот, како и за можноста парламентарната дипломатија и контактите меѓу пратениците во регионот да се искористат за подобрување на односите на земјите.

OhridNews
МИА