Првата фестивалска вечер ќе ја отвори групата “Бесидос” од Германија, а по нив ќе настапи атрактивната грчка група “Имам баилди” од Атина, која со галопирачки успех станува се попопуларна и една од водечките претставници на балканскиот звук во Европа.
Втората фестивалска вечер е посветена на македонски артисти. Вечерта ќе ја отвори гитарскиот виртуоз Дамјан Пејчиновски, а веднаш по него свој целовечерен концерт ќе одржи Елена Ристеска придружувана од тамбурашкиот оркестар “Ѓезме” од Куманово.
И оваа година влезот за фестивалот е бесплатен, бидејки е финансиран исклучиво од спонзори и донатори: Т-Мобиле и Т-Хоме, Стопанска банка, Пелистерка, ЕВН Македонија, Тојота, Министерство за култура на Република Македонија и Хотел Ди Лаго.