Од денес до 19 јуни во Лешани ќе се одржи деветтиот мемоморијален трунир во голем фудбал во чест на Николоски Кире  – Камачо.


На турнирот кој е во организација на ФК Лешани и ФК Свети Петар и Павле од Лешани, ќе учествуваат седум екипи.

Првиот натпревар се игра денеска од 15 часот, а се среќаваат Илинден и Злести. Вториот меч со старт во 17 часот ќе играат Стефан Толески и Рудар. Победниците од овие два мече ќе играат во полуфиналето кое на програмата е во сабота, 11 јуни.

Во среда, 8 јуни ќе играат Св. Петар и Павле и Мазатар, додека подобриот од тој дуел ќе игра против Лешани во второто полуфинале кое се игра во недела, 12 јуни.

Натпреварот за трето место ќе се игра во сабота, 18 јуни, додека големото финале е закажано за христијанскиот празник “Си Свети“ во Лешани на 19 јуни.

Ohridnews