По обилните врнежи во текот на вчерашниот ден, утрово во Охрид е сончево и топло. Таквото време ќе се заджи до крајот на денот. На места попладне, пред се во северозападните и североисточните краишта на земјата ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 29 степени.

Во петок не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град.

Минималната температура во Охрид ќе се спушти до 16 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 28 степени.

Г.М.