Неформалната организација „Чист Охрид“ викендот што измина ја одржа својата единаесетта акција. Првиот дел од акцијата бил спроведен кај продавницата „Тренд“.
-Воочливо беше дека непознатата група која се обидела да го исчисти теренот истото го напрвила површно, при што нашите волонтери вложија напор и го исчистија теренот детално. Упатуваме апел до луѓето што ги прават овие акции за чистење да го прават тоа ефективно. Тревната површина беше преплавена со стаклени шишиња, коски, игли и ампули. На оваа локација беа собрани 8 вреќи со најразличен отпад. – информираат од „Чист Охрид“.
Втората локација опфатена со акцијата била задниот дел на НУЦК „Григор Прличев“, каде била подигната поголема количина на стаклени шишиња и прибор за домаќинства. На оваа локација биле собрани уште 4 вреќи со отпад.
Чист Охрид се заблагодарува на ЛК „Лихнидос“ Охрид за донираната опрема.
OhridNews