Бројот на лица загинати во масовната ерупција на вулканот Фуего во Гватемала се искачи на 109. Потрагата по исчезнатите лица, чија бројка изнесува речиси 200, вчера беше привремено прекината. Ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала која ескалираше во неделата е најсмртоносната вулканска ерупција во последните четири децении, објави „Ројтерс“.
Властите во Гватемала вчера објавија дека потрагата по преживеани е привремено прекината поради опасноста по животот на спасувачите. Портпаролот на националната агенција за справување со катастрофи (CONRED), Дејвид де Леон, изјави дека граѓаните треба да се држат настрана од сè уште опасните подрачја.
Владата на САД испрати најдлабоко сочувство до жртвите и изјави дека е испратена итна помош по барање на Гватемала, која вклучува финансиски средства со задоволување на потребите од храна и вода, како и санитарните потреби на најпогодените жители од ерупцијата на вулканот Фуего.
OhridNews
Макфакс