По Новак Ѓоковиќ пораз и елиминација од мастерс турнирот во Мадрид претрпе Рожер Федерер. Швајцарецот загуби од Јапонецот, Кеи Нишикори со 2-1 (4-6, 6-1, 2-6) во сетови.

По елиминацијата на Ѓоковиќ и Федерер од мастерс турнирот во Мадрид, патот до титулата на Рафаел Надал останува отворен.

Надал по повредата на колената се врати појак од било кога, а со освојување на титулата во Мадрид ќе се доближи до водечките на АТП листата.

Мх.П.