По првиот чувар на екипата, Џо Харт во немилост кај шпанскиот стратег Пеп Гвардиола се најде и најдобриот фудбалер на Манчестер Сити последниве години, Јаја Туре.
Гвардиола го изостави од составот репрезентативецот на Брегот од Слоновата Коска за првиот квалификациски меч со Стеауа за пласман во Лигата на Шампиони.
Слична судбина имаше и Харт кој премиерниот меч со Сандерленд го почна од клупата, а на голот застана искусниот голман Вили Кабаљеро.
Претходно, шпанскиот стратег ги пречкрта Бони, Самир Насри и Езекил Мангал не пријавувајќи ги за натпреварите од Лигата на Шампиони.
OhridNews