Педесетина туристи од Белгија денеска ќе допатуваат во Македонија. Тие во текот на осумдневниот одмор ќе ги посетат Охрид, Струга, Тетово и Скопје.
Исто така, предвидени се и еднодневни посети на Солун и Тирана.
Белгиски туристи во Македонија ги носи туристичката агенција „Скај вингс“.











