На 25-ти мај врз основа на налог издаден од страна на Инспекцискиот Совет направен е вонреден инспекциски надзор на локалитет Студенчишко блато, Охрид согласно привременото решение за заштита на локалитетот Студенчишко блато објавено во Службен весник на РСМ од 2021 година и Законот за заштита на природата и надлежностите на Државен Инспектор за заштита на природата.
Надзорот е реализиран од страна на главен инспектор за заштита на природата, генерален инспектор за животна средина, општински инспектор за животна средина и претставник од Општина Охрид кој работи на акти од областа на животната средина, информираат до ДИЖС, додавајќи дека бил изготвен Записник за констатација по увидот на две локации.
Локација покрај магистралниот пат Охрид – Свети Наум, при што се утврди дека на две парцели имаше насипано ископи од земја – инертен материјал, скоро до височина на магистралниот пат и земјата беше зарамнета со механизација со видливи трагови од истата. Помеѓу двете парцели имаше отпочнето да се насипува и во третата парцела, но е стопирано при што имаше поставено крупни камења и гранки од дрвја. Втората локација е границата на Студенчишко Блато по течението на река Рача при што во непосредна локација на самата гранична линија во т.н зона на одржливо користење се вршеше изведба на градежни работи на комплекс на градби (шест локации) и тоа во фаза на изведба, велат од ДИЖС.
Додаваат дека за време на надзорот е направена и фото-документација на сите локации.
Врз основа на извршениот увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина до Општина Охрид доставено е Известување со Барање за нивно постапување согласно законските надлежности (Закон за градење и Закон за управување со отпад), а доставено е и известување до Инспекцискиот Совет, потенцираат.
ДИЖС известува дека и по претходно доставена претставка од страна на граѓанско здружение ФРОНТ 21/42, ДИЖС постапи по истата, односно врз основа на анализа на содржината на истата, направи комуникација со општинската инспекција на Охрид која веќе за двата посочени случаи имаа постапување согласно надлежностите, за градежни активности-градење, односно инертен отпад од земја.
Истовремено од Општина Охрид е побарано за превземените активности на локацијата Студенчишко блато да го информираат ДИЖС, ИС и ФРОНТ21/42, велат во соопштението.
OhridNews