На 45-та седница на Македонското Собрание, денес, ќе се гласа предлог законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, но по скратена постапка.
Целта е да се регулираат посебните социјални права, кои по член 36 од Уставот, им се загарантирани на бранителите, кои во 2001 година застанаа во одбрана на државата. Според предлог законот, тоа ќе претставува морална и матријална сатисфакција, како на припадниците на безбедносните сили, така и на нивните семејства.
Инаку предлог законот, беше потпишан од сите 46 пратеници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Со негово гласање, ќе се стави крај на долгогодишната одисеја, која предизвика раздор и дебати помеѓу политичките партии во Македонија.