По летниот распуст учениците од денес во училишните клупи
01.09.26 09:24
По летниот распуст учениците од денес во училишните клупи. Започна учебната 2026-2027 година за основците и средношколците. Во Охрид во оваа учебна година се запишани во основните училишта над 460 првачиња, а во средните околу 550 средношколци. Од локалната посочија дека сите основни и средни училишта се подготвени за почетокот на учебната година, а доставени се и учебниците.
На ниво на држава учебната година според податоците на Министерството за образование и наука ја почнуваат 238 илјади ученици, од кои 174 илјади основци и 64 илјади средношколци. За прв пат во училишните клупи ќе седнат 14 952 првачиња. Како што вчера информираше министерката Весна Јаневска ќе бидат ангажирани 1358 образовни асистенти во основното и 166 во средното образование. Воедно посочи дека трендот на намалување на бројот на ученици продолжува.
Наставата ќе трае до 10 јуни 2027 година, освен за матурантите за кои ќе заврши на 17 мај. Зимскиот распуст помеѓу двете полугодија ќе биде од 31 декември до 21 јануари.
Изминатиот викенд во националниот тренинг центар во Скопје во организација на МССФ се одржа третиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, на кој учество зедоа околу осумдесе...
Манчестер јунајтед, еден од најголемите и најтрофејните англиски фудбалски клубови, сè уште го бара патот по заминувањето на сер Алекс Фергусон Шкотскиот стручњак ја заврши својата неповторлива при...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска извши увид во изградбата на автопатот Охрид-Кичево На својот фејсбук профил објави дека автопатот се гради со ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.