Арда Туран синоќа во Скопје ја предводеше Турција на пријателскиот натпревар со Македонија (0:0), а потоа во авионот предизвикал скандал напаѓајќи новинар.
Најголемата ѕвезда на турскиот фудбал, играчот кој се очекува во овој преоден рок да ја напушти Барселона, го нападнал новинарот бидејќи медиумите пишувале во минатото дека Туран бил лидер на бојкотот на фудбалерите поради неисплатените премии.
„Кој те пуштил да влезеш во авионов? Дали беше со нас на ЕВРО 2016? Кој ти нареди да пишуваш за парите? Дали и тие се во авионот? Кој ти го кажал тоа?“, му викал Арда Туран на новинарот на „Ватан“, Билал Месе, и почнал да го дави.
„Јас не сум како другите. Ќе престанам да играм фудбал, но нема да дозволам на таков начин да се пишува за моето семејство! Ти работиш за весникот на претседателот на Фудбалскиот сојуз на Турција“.
Туран се обидел да го удри новинарот, но таквата негова намера ја прекинале соиграчите. Подоцна фудбалерот се огласил на Инстаграм.
„Ова не го пишувам за да се одбранам туку за да ги информирам луѓето. Реков дека никогаш нема да го заборавам она што се случуваше на ЕВРО 2016. И во авионот видов еден од тие кои пишуваа лаги за мене и за моето семејство. За нив тоа е новинарство. Дали постапив исправно? Не знам. Но, знам дека постапив чесно. Секогаш ќе го бранам моето семејство и мојот интегритет, не сакам да ми се зборува ‘зад грб’. Дали ми одговорија на прашањата? Не!“, напишал Арда Туран.
„Макфакс“
OhridNews