Екипата на Барселона скапо ја плати победата (2-1) над Баерн Леверкузен на Ноу Камп во втората рунда од Лигата на Шампиони.

Мечот порано од предвиденото го заврши капитенот Андрес Иниеста кој се пожали на повреда на бутниот мускул од десната нога.


Според првите медицински прегледи Иниеста ќе паузира месец дена и само ги зголеми главоболките на тренерот Луис Енрике откако и Лионел Меси ќе биде аут од теренот.

Отсуството на Меси и Иниеста на мечот со Леверкузен го „прикриаа“ Роберто и Суарез кои ги постигнаа победничките голови за каталонците.

Мх.П.