Најновото засилување на Фенербахче, Робин ван Перси го крена Истанбул на нозе исто како неговиот соиграч од Манчестер Јунајтед, Нани пред неколку денови.
Холанѓецот го засили турскиот клуб, а стотина навивачи облечени во „сино-жолти“ обележја го пречекаа уште на аеродромот.
– Многу сум видел во својата кариера, но вакво нешто се уште не. Се надевам дека ќе им вратам на навивачите и заедно со нив ќе славиме победи и титули. – рече Ван Перси.
На Олд Трафорд холандскиот голгетер помина три сезони, одигра 105 натпревари и постигна 58 погодоци.
Повредите, а и лошите односи со менаџерот Луис ван Гал го оддалечија Ван Перси од Манчестер каде освои една титулата во Премиер лигата.
Ohridnews