По поројниот дожд кој денес го зафати Охрид, екипи од  ЈП „Нискоградба“ интервенираа на неколку улици, каде што се појавија проблеми поради затнување на фекалната канализација.

Се интервенираше и на улицата „Никола Карев“ каде беше потребен голем напор за успешно да се исчисти канализационата цевка, од која по еден час беше извлечена топка,  која несовесни граѓани ја фрлиле во шахта.

Добивме голем број јавувања поради затнување на фекалната канализација и прелевање на фекалиите по невремето. Најголем проблем поради кој доаѓа до затнување на цевките е тоа што граѓаните фрлаат се и сешто, како што се влажни марамчиња, крпи за домаќинство. Упатувам апел да внимаваат каде го фрлаат комуналниот отпад со цел да не доаѓа до затнување на цевките, вели директорот на јавното претпријатие, Сашо Донев.

Во текот на вечерта работници интервенирале и на улицата Партизанска, пред филијалата на Комерцијална Банка.

OhridNews