Врнежите од дожд во Охрид и околината проследени со ветер предизвикаа проблеми на неколку локации низ градот каде беа забележани паднати дрвја и предизвикани помали штети. Утрово паднато дрво и во месноста Горица.

Во текот пак на вчершниот ден кај Кардиолошкиот завод во Охрид беа откорнати четири големи зимзелени дрвја и паднати врз автомобил и влезот на болницата.Паднато дрво имаше и на улицата „7-ми ноември“. На терен беше интервенирано од страна на екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ и ТППЕ Охрид.

OhridNews