Во осветените води на Охридското Езеро, денеска, по петти пат, во рамки на големиот празник Богојавление-Водици, кај месноста Сараиште, се изврши групно крштевање на десеттина верници.
Свештеникот Љупчо Симиџиoски рече дека овој чин веќе прераснува во традиција и дека го радува интересот кај верниците.
-Освен охриѓани, годинава православната вера ја примија и верници од Битола, Кичево и од Албанија. Црквата како грижлива мајка за сите нејзини чеда им овозможува преку овој чин, сите оние кои не се крстени на овој начин да ја примат православната вера. Крштевањето е од големо значение во самото свето православие бидејќи со самата света тајна крштение се прима православната вера, рече Симиџиoски.
На светиот чин за крштевање присуствуваа и кумовите Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески.
OhridNews











