По подолго време ниту еден починат од Ковид 19, во Охрид два нови случаи и шест оздравени
03.09.20 15:23
Во последните 24 часа се направени 1756 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 од кои 2 во Охрид и 4 во Струга. Во Скопје денеска се евидентирани 46 нови случаи, во Куманово 17, Во Штип 13, а во Прилеп 12.
Денеска нема починати пациенти, а Институтот за јавно здравје регистрира 224 оздравени пациенти од кои 6 во Охрид и 6 во Струга.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14762, бројката на оздравени пациенти е 11965, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2191.
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 ноември и се слави споменот на Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски Кога блажениот патријарх Александар лежеше на смртна постел...
Променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2) Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од...
Мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство е најавен за сабота, 21 ноември, од 12 до 14 часот во Охрид Собирот ќе почне на градскиот плоштад „Св Климент Охри...