100-годишнината од изградбата на храмот Сите Светии во охридското село Лешани  ќе биде одбележана на 19-ти јуни со црковно народен собир. По тој повод ќе биде преосветен храмот од единствениот манастир на Балканот посветен на Сите Светии, во кој за големиот јубулеј е изработен нов фреско-живопис.

Во 2002 година манастирот заживеа со возобновено монаштво со доаѓањето на јеромонах Вартоломеј од Бигорската Свештена Обител.

Преосветувањето на манастирскиот храм ќе го изврши Архиепископот Охридски и Македонски, г.г.Стефан во сослужение на г.Тимотеј и г.Агатангел и архимандрит Партениј, како и бројно свештенство.

OhridNews