Со изложба од отворен тип Подрачното одделение на Државниот архив Охрид ќе го одбележи денешниот ден, 9-ти јуни, Меѓународниот ден на Архивите.
Ќе бидат изложени репродукции на документи и фотографии од културниот и општествениот живот во градот и пошироката околина. Изложените материјали се прилози во личните и институционални архивски фондови кои ги поседува одделението а нивната селекција и подготовка ја спроведе одделението за средување и обработка при ДАРСМ – ПО Охрид, информираат од Архивот.
Изложбата ќе биде поставена во периодот од 9-ти до 16-ти јуни во дворот на институцијата.
OhridNews