По повод претстојниот македонски верски празник Илинден и патронот на село Рамне Св. Пророк Илија на 1 август во понеделник со почеток во 20:00 часот се организира голема општонародна прослава, информираат од Месната заедница на село Рамне.
Вечерта ќе ја разубават играорната група „Ѓердан од бисери“ – Охрид. За веселбата уште да биде позабавна тука се и најдобрите момци од Император бенд и Дарко Стојаноски. Добра скара и ладна пијачка! Браќа и сестри македонци, каде и да сте, за Илинден Рамне да сте!- велат од МЗ.
Воедно упатуваат повик со сите во што поголем број заедно да се прослави овој голем и значаен македонски празник.
OhridNews