По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28.08.2025 г. (четврток) Општина Охрид организира бесплатен превоз до с. Скребатно каде се одржува традиционалниот празничен собир.

Тргнувањето е во 09:00ч. од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец, информираат од Општина Охрид.

Превозот ќе го врши компанијата „Бале турс“.

По повод празникот кај црквата посветена на Богородица во Скребатно традиционално се одржува голем црковно народен собир на кој секоја година присуствуваат по неколку илјади верници.

OhrиdNews