Хит претставата „Енергични луѓе“ денес пред охриѓани по повод Светскиот ден на театарот ќе биде одиграна со почеток во 20.00 часот. Претставата е според авторот Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски.
Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.
Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.
По повод Светскиот ден на театарот и денешното издание на емисијата „Напладне“ која ќе се емитува во 12 часот на OhridNews ќе биде посветена на Охридскиот театар кој успешно постои веќе дванаесет години.
OhridNews