Општина Охрид со брза реакција по допис на граѓани. Откако наша сограѓанка, вчера преку социјалните мрежи реагираше на, според неа, „дивоградбата на улицата Стив Наумов во Охрид“, надлежните служби при Општина Охрид реагирале и веднаш се направил увид на лице место за да се утврди дали постапката е легална и дали инвеститорот и изведувачот ги имаат потребните документи за изградба на објектот лоциран во Петта Урбана Единица.

– Беше испратена екипа составена од полициска екипа и градежна инспекција и беше итно дадена наредба за стопирање со градежните активности. Воедно, и благодариме за дојавата на г-ѓа Матеска и ја охрабруваме неа, но и сите граѓани на Општина Охрид да не информирате за сите вакви и слични проблеми со кои се сретнуваат, а за кои имаат валидни докази дека се пречекорени овластувањата и законски пропишаните норми, велат од локалната самоуправа.

Ги упатуваат граѓаните да го користат официјалниот маил на Општина Охрид [email protected] Одделение за односи со јавност.

OhridNews