Силно најавуваниот проект Билјана 006 на почетокот на сезоната , го губи здивот и само се вклопи во Охридското сивило наречено спорт . Клубот беше најавуван како легитимен наследник на Профитнес, единствениот охридски клуб кој играше натпревари во европско натпреварувања.

Но од силниот проект и стабилниот клуб кој би го преставувал Охрид и во европските натпреварвање останаа само најавите. На ура беше одиграна првата полусезона која кошаркарките кои се вистински хероини во дадениов случај го завршија на одличното трето место кое ги одведе во завршницата на купот кој треба да се игра на почетокот на април. Но одличните реултати и можноста градот да добие промоција во балканските лиги преку КК Билјана 006 не наидоа на одзив кај градските татковци и локалните љубители на спортот.


Ништо и од женската кошарка

Без никаков надомест девојките го одиграа првиот дел од првенството, а за вториот чекаа да се стопли и да се смилува некој за да ги пушти да тренираат во салата. Од тие причини првото коло  беше одложено, а среќа што не допатуваа кумановки бидејки натпреварот со нив ке беше вистинско мачење . Зголемувањето на судиските такси пред почетокот на вториот дел од сезоната е  вистински удар за женската кошарка па така овој натпрвар отиде на “рабуш“, но вистинска неизвеснот е дали кошаркарките ке отпатуваат на гостувањето во Скопје наредното коло. Ако отидат, наредната недела пак неизвеснот дали ке се собераат пари за таксите и така до бескрај.

Да бидам искрен, љубители на спортот кај нас има многу , но кога треба да се даде некој денар за спортот, е тука не нема. Не дај боже некој да ви побара карта за влез на натпреварот,одма го гледате како најголем душман . Јас извинете една работа неможам да разберам до кога луѓето ќе формираат клубови и чекаат локалната да им ги покрие трошоците  за нивното езгистирање . Со вакви навики ке бидеме се уште далеку од елитен спорт, или ако сакате само спорт. Така на локалната ќе и остане да го финансира што и со закон  и е дозволено училишниот и масовниот спорт, бидјки друг и нема да има.

М. Постолоски