Деновиве се санирани и поставени нови забавни реквизити во детското катче во близина на Холандскиот парк.

Ова следува по реакцијата на охриѓани, кои преку OhridNews апелираа дека дел од играчките во игралиштето се искршени и претставуваат потенцијална опасност за децата.

Исто така, на оваа локација поставена е поголема количина песок, со цел детското катче да не се полни со кал после врнежливите периоди, како што беше случај во минатиот период.

O.T.

Руинирани детски катчиња, недостаток од забавни реквизити, локалната најавува еко паркови и терени за „баскет“