После речиси 7 години, охридскиот панк – рок бенд „Комунална хигиена“, ќе го претстави најновото музичко остварување, овојпат во форма на ЕП албум насловен како „Вино & Oi!“.
Промоцијата на цд-то, кое соддржи пет музички записи, ќе биде на 14-ти февруари во „Irish Pub Balaban“.
-Како големи љубители на виното кое ни дава неисцрпна инспирација за творење, настанот го „темпиравме“ за празникот кога традиционално се зарежуваат лозјата, Св. Трифун. Добредојдени се сите наши другари, пријатели и познаници, односно вљубеници во панк-рокот! – велат дечките од „Комунална хигиена“.
Албумот наскоро ќе биде достапен онлајн, а сите подржувачи на македонската андерграунд сцена ќе имаат можност да набават хард-копија од албумот по цена од 100 денари.
На лето бендот најавува концертна промоција на албумот.
OhridNews