На последниот ден од 2025 година охридскиот аеродром кој оперира уште од 1970-тите години конечно е легализиран# објави денеска министерот за транспорт Александар Николоски.
Изминатава година тим од Министерството за транспорт, АД Аеродроми и ТАВ, заедно со Катастар, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други владини институции посветено работеше конечно да се впише Охридскиот Аеродром „Св. Апостол Павле“ во катастар и конечно овој стратешки објект да добие имотен лист, истакна Николоски.
Во нормални услови ова воопшто не би било вест, но после толку години негрижа и запоставување на државниот капитал сметам дека е важно да се запознае јавноста, посочи Николоски.
Во следниот период ќе работиме на модернизација и реконструкција на Охридскиот Аеродром со цел да привлечеме нови туристи, најави министерот за транспорт.
OhridNews












