Ќе учествуваат мали и средни производители на вино и сирење од земјава, кои ќе ги изнесат и презентираат своите производи. При тоа посетителите ќе можат со дегустација да ги вкусат домашните вина и сирења.
Еден од најважните аспекти за развој на локалната економија е поттикнувањето на партнерства и зајакнување на стопанството преку воведување на стимулативни мерки.
– Целта е да се промовираат овие две гранки и остварат контакти со претставниците од бизнис секторот . Со зголемување на продажбата и самите производители се стимулираат повеќе да произведуваат, беше истакнато на прес конференцијата по повод одржувањето на фестивалот.
– Интересот за Фестивалот за вино и сирење од година во година е се поголем и почнува да го исполнува условот на одржливост на оваа манифестација, истакна менаџерот на Здружението на одгледувачи на овци од западна Македонија, Љуљзим Фејзулаку. Охрид како туристички град го посетуваат голем број туристи од многу европски земји, а тоа придонесува за остварување трајни контакти на учесниците на фестивалот со бизнис секторот од другите земји.
Фестивалот на сирење и вино ќе се одржи на плоштадот кај Чинарот, а производите ќе бидат изложении на 25 штандови.